Расиситички навреди за Вилфред Заха

Расисти на социјалните мрежи го нападнале фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, вчера, ја режираше сензационалната победа на Кристал Палас кај Манчестер сити (2:0).

Заха го постигна првиот гол, а во финишот на првото полувреме изнуди црвен картон за Ајмерик Лапорт. Палас победата ја потврдија во финишот на мечот.

„Оваа објава не ја поставив за да добијам милион пораки дека сте со мене и дека ваквите работи се лоши. Го објавив ова за да се обидеме заедно да го решиме проблемот. Мене вакви пораки повеќе не можат да ме навредат. Очигледно дека тие се нормални за мојата работа. Сепак, секогаш ќе кажам дека сум горд на мојата боја на кожата“, напишал Заха.

Ианку, Заха, беше еден од првите фудбалери кои престанаа да клечат пред почетокот на натпреварите. Смета дека тој гест нема да ги реши проблемите со расизмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wilfried Zaha (@wilfriedzaha)

Текстот Расиситички навреди за Вилфред Заха е превземен од МАКФАКС.