Реал ги „спушти“ на земја Уникс, Макаби преживеа против Алба

Реал Мадрид стигна до убедлива 85:68 победа над Уникс Казан, за да се одвојат на првото место во Евролигата со 17-3 скор и да му отчитаат вистинска лекција на рускиот тим кој беше во одлична серија.

Валтер Таварес имаше дабл-дабл учинок (14 поени, 11 скока), Гершон Јабуселе додаде 13 поени, додека Абалде имаше 12, а Љуљ 11 во одлична тимска победа на „белите“, кои влегоа во мечот по поразот од лутиот ривал Барселона во домашната лига.

Реал поведоа со 47:31 на полувреме и имаа дури 31 поен предност (74:43) пред крајот на третата четвртина, доминирајќи во шутевите и под кошот. Уникс сега има 12-8 скор и е израмнет на шестото место на табелата со домашниот ривал ЦСКА Москва, со кого играат веќе в петок.

Макаби пак, го издржаа камбекот на Алба Берлин, иако за малку ќе пропуштеа предност од 17 поени, за 87:78 победа, нивна втора во низа по триумфот над Олимпијакос. Алба губеше со 65:48 на три минути пред крајот, но се вратија на 79:76 на 2:30 пред крајот со две тројки на Лук Скма и Маодо Ло.

Скоти Вилбекин ги предводеше Макаби со 18 поени и 6 асистенции, додека Дерик Вилијамс и Џејлен Рејнолдс имаа по 14 поени. За Алба, Ло заврши со 18 поени, а Сикма имаше 12 поени и 6 скока.

ЕВРОЛИГА, 20.КОЛО

Макаби Тел Авив – Алба Берлин 87:78 (23:23, 24:16, 20:19, 20:20)

Реал Мадрид – Уникс Казан 85:68 (21:14, 26:17, 27:14, 11:23)

Асвел Лион – Баерн Минхен 68:77 (16:20, 13:25, 13:16, 26:16)

Текстот Реал ги „спушти“ на земја Уникс, Макаби преживеа против Алба е превземен од МАКФАКС.