Реал „преживеа“ против Монако, Звезда го стопираше Жалгирис на Здовц

Реал Мадрид не дозволи Монако да го продолжи победничкиот старт во Евролигата, заддржувајќи ги за 94:86 победа во третото коло, иако најдобар играч на мечот беше Мајк Џејмс од Монако со 24 поени, 9 асистенции и 4 украдени топки.

Тоа не беше доволно поради фантастичната прва четвртина на Мадрид, во која Гершон Јабуселе имаше 18 поени. Томас Ертел заврши со 13 поени, а третиот Французин, Фабиен Касер додаде 12 поени.

Црвена звезда пак, стигна до својата втора едноподруго победа, „затварајќи“ ги Жалгирис Каунас со 73:61. При резултат од 60:58, Звезда постигна осум поени без одговор за да направи предност од 10 поени на 1:11 пред крајот, и го остави Јуре Здовц без победа во своето деби на клупата на литванскиот клуб.

Никола Калиниќ имаше 15 поени, од кои 13 во второто полувреме и заврши со 5 скока како најзаслужен за победата на Звезда, додека за Жалгирис Џош Нибо имаше 14 поени и 10 скока.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО

Црвена звезда – Жалгирис 73:61 (13:14, 16:13, 17:15, 27:19)

Реал Мадрид – Монако 94:86 (30:12, 21:27, 21:26, 22:21)

 

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42527-37474”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Реал „преживеа“ против Монако, Звезда го стопираше Жалгирис на Здовц е превземен од МАКФАКС.