Реал скапо ја плати победата во Елче

Реал вчера победија во Елче со 2:1 и се искачија на челата позиција во Примера. Победата во Елче „кралскиот клуб“, скапо ја плати.

Во самиот финиш, во интервал од само 30 секунди, се повредија Маријано Дијаз и Касемиро.

Маријано, кој го одигра првиот меч во сезоната, незгодно падна во еден дуел и се здоби со фрактура на носот. Носот го повреди и Бразилецот Касемиро, но неговата повреда не е толку сериозна.

Веројатно Маријано ќе мора на мала операција, која ќе го оддалечи од фудбалските терени.

проблем за тренерот Карло Анчелоти, претставува и поведата на Родриго. Според медиумите младиот Бразилец го очекува подолга пауза.

Текстот Реал скапо ја плати победата во Елче е превземен од МАКФАКС.