РЕК Битола повторно во функција, продолжува производството на струја

РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија, соопштија од компанијата.

Како што додаваат, синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на државата.

Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде “на мрежа”.

Текстот РЕК Битола повторно во функција, продолжува производството на струја е превземен од МАКФАКС.