Рекорден број случаи на детска порнографија во Германија

Бројот на пријавени случаи на детска порнографија во првата половина од оваа година во Германија речиси двојно се зголемил, објави германската канцеларија за борба против криминалот, пишуваат германските медиуми.

„Во првите шест месеци од 2021 година, забележавме речиси ист број пријавени случаи на детска порнографија како и во целата измината година“, изјави претседателот на канцеларијата Холгер Муенх во интервју за дневниот весник „Билд“.

Според него, расте и бројот на пријави и започнати постапки поврзани со случаи на прикажување и дистрибуција на материјал со детска порнографија.

„Забележливото зголемување на овие случаи ја доведува полицијата до границите на нивните можности, и технички и во однос на персоналот“, рече тој.

Претседателот на „БКА“ рече дека дошло и до нагло зголемување на компјутерскиот криминал, тренд кој започнал во 2020 година.

Текстот Рекорден број случаи на детска порнографија во Германија е превземен од МАКФАКС.