Ретроспективна изложба – „Од депото на Меѓународната Струмичка ликовна колонија“ во Куманово

Во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2021“, којшто ќе се одржи во периодот 27.09. – 9.10.2021, Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во соработка со Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица, како придружна манифестација, ја организира изложбата на слики со наслов Ретроспективна изложба – „Од депото на Меѓународната струмичка ликовна колонија“.

Изложбата содржи 18 дела од богатата колекција на оваа колонија, со автори од повеќе генерации (Трајче, Јанчевски, Борислав Траиковски, Александар Јанкуловски Цане, Љубодраг Маринковиќ Пенкин, Димитар Стојчевски, Ниче Василев, Станко Георгиев и др.)

Инаку, Меѓународната струмичка ликовна колонија е една од најстарите ликовни колонии во регионот којашто функционира од шеесеттите години до денес во сите ликовни дисциплини (сликарство, графика, скулптура, мозаик), досега, на неа учествувале преку 1.000 уметници од целиот свет, а депото содржи преку 2.500 дела (слики, скулптури, мозаици).

Изложбата ќе биде отворена во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово на 23.09.2021 /четврток/со почеток во 13 часот а за посетителите ќе важат актуелните здравствени протоколи.

Текстот Ретроспективна изложба – „Од депото на Меѓународната Струмичка ликовна колонија“ во Куманово е превземен од МАКФАКС.