Родик: Новак прво ви ги зема нозете, потоа во ја зема душата

Новак Ѓоковиќ со мали проблеми успеа да стигне до четврт-финалето на Ју-ес опен. Првиот носител, во дуелот со Џенсон Бруксби, си дозволи да го загуби првиот сет со 6/1, но потоа рутински ги доби преостанатите три со 6/3, 6/2, 6/2.

Во текот на мечот помеѓу најдобриот во светот и талентираниот Американец на кого му предвидуваат блескава иднина, на Твитер се огласи шампионот на Ју-ес опен од 2003 година, Енди Родик.

„Ви ветувам една работа. Како ќе тече мечот, Новак на ова дете ќе му го приреди најболното искуство кое некогаш го имал. По час и пол, момчето чувствува болка во телото. Новак може се да издржи…Прво ви ги зема нозете, потоа ви ја зема душата“, напишал Родик.

First he takes your legs ……. Then he takes your soul

— andyroddick (@andyroddick) September 7, 2021

Текстот Родик: Новак прво ви ги зема нозете, потоа во ја зема душата е превземен од МАКФАКС.