Роднини на патниците бараат информации, никој не одговара на телефонскиот број на агенцијата

Пред туристичката агенција „Беса-Транс“ собрани се повеќе роднини на лицата кои биле во автобусот кој од засега непознати причини, се запали и изгоре утринава пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник, каде загинаа 45 лица, а седуммина преживеаја.

Агенцијата Беса-Транс ја обезбедува полиција, вратите се затворени, а на телефонскиот број не одговара никој.

Еден од роднините на лицата кои биле во автобусот, вели дека утринава на Фејсбук дознале за несреќата. Тие бараат одговори за нивните најблиски, и од агенцијата, и од институциите.

„Мојот братучед беше во автобусот. Немаме никаква информација, ниту пак некој ни се јавува. Информацијата за трагедијата ја дознавме од Фејсбук, околу 6 часот утринава. Ова не е во ред. Како што знаат да организираат кога треба да се прошетаат луѓе, сега кога е најтрагично, ги нема. Ги замолувам институциите да ни кажат информации, барем за преживеаните“, изјави тој.

Текстот Роднини на патниците бараат информации, никој не одговара на телефонскиот број на агенцијата е превземен од МАКФАКС.