Рокот за аплицирање на годишните конкурси за културата истекува в сабота напладне

Во тек се Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат.

Од Министерството потсетуваат дека рокот за пријавување истекува на 6 ноември (сабота), во 12:00 ч. напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори.

Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври.

Текстот Рокот за аплицирање на годишните конкурси за културата истекува в сабота напладне е превземен од МАКФАКС.