Роналдо го сака Зидан за менаџер во Јунајтед

Манчестер јунајтед во минатото коло на Премиер лигата доживеа пораз од 4-2 кај Лестер, екипата предводена од Оле Гунар Солскјер не игра на највисоко ниво, а за тоа е свесен и Кристијано Роналдо.

Португалецот е еден од оние што сметаат дека на „црвените ѓаволи“ им треба нов менаџер. Норвежанецот сѐ повеќе ја губи довербата кај навивачите, кај играчите, кај медиумите.

El Chiringuito пишува дека Роналдо на шефовите им препорачал да го ангажираат Зинедин Зидан.

Французинот до крајот на минатата сезона беше на кормилото на Реал Мадрид, а тој и Роналдо имаа одличен однос додека беа во таборот на „кралевите“.

Се чини дека Солскјер ќе добие уште неколку можности да се извади ако резултатите и играта не се поправат, не е чудо клубот да тргне по француската фудбалска легенда.

Текстот Роналдо го сака Зидан за менаџер во Јунајтед е превземен од МАКФАКС.