Роналдо најмногу заработил во 2021 година

Кристијано Роналдо, најмногу заработил во светото на фудбалот, во 2021 година. Според „Форбс“, Португалецот заработил повеќе од Лионел Меси и Нејмар.

Кристијано Роналдо, во 2021 година, од договорите со Јувентус и Манчестер јунајтед инкасирал 70 милиони долари. Дополнителни 55 милиони долари заработил од спонзорските договори. Португалецот во 2021 година вкупно заработил 125 милиони долари.

На второто место е Меси. Аргентинецот, во летниот преоден рок од Барселона се пресели во ПСЖ. Неговиот договор со ПСЖ е „тежок“ 75 милиони долари, но од спонзорите заработува 20 милиони долари од Роналдо. Меси има доживотни спонзорски договори со Адидас, Бадвајзер, Пепси…

Соиграчот на Меси од ПСЖ, Нејмар е трет на листата. Тој од клубот добива исто колку и Меси, 75 милиони долари, но од спонзорските договори, годишно инкасира 20 милиони долари.

Текстот Роналдо најмногу заработил во 2021 година е превземен од МАКФАКС.