Русите се вратија во форма – ЦСКА ја „уништи“ Алба, Уникс со победа во Литванија

Никола Милутинов стигна до фантастични 21 поени и 11 скока, за ЦСКА Москва да стигне до убедлива 92:72 победа над Алба Берлин за враќање на победите.

„Армејците“ водеа во текот на целиот натпревар, откако Алба само во првите шест минути беше израмнет ривал. При 74:63 водство на осум минути пред крајот, ЦСКА направи серија од 11:2 за да ја потврдат победата. Милутинов имаше 7-од-10 од поле, а Алексеј Швед имаше 10 поени и 13 асистенции, иако имаше 0-од-6 во обидите за тројки.

ЦСКА имаат 14-9 скор и се петти на табелата, додека Алба, кои се на 16. место имаат 7-16 скор.

Уникс Казан, пак, по три порази едноподруго, конечно победија овојпат со 67:76 на гости кај Жалгирис, кои имаат осум последователни порази. Лоренцо Браун имаше 19 поени и 11 асистенции, додека Џон Браун заврши со 15 поени, 11 скока и 5 украдени топки.

ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО

ЦСКА Москва – Алба Берлин 91:72 (22:15, 28:22, 19:19, 22:16)

Анадолу Ефес – Асвел Лион 78:72 (15:16, 17.20, 22:14, 24:22)

Жалгирис – Уникс Казан 67:76 (26:24, 13:21, 15:18, 13:13)

Текстот Русите се вратија во форма – ЦСКА ја „уништи“ Алба, Уникс со победа во Литванија е превземен од МАКФАКС.