Саботажа стои зад трагедијата на филмот на Болдвин, вели адвокат

Адвокатот на член на персоналот кој го надгледува оружјето што се користело на снимањето на Rust сугерира дека некој намерно ставил вистински куршум во пиштолот на Алек Болдвин кога случајно ја застрела камерманката Халина Хачинс.

„Можно е некој намерно да ставил вистински куршуми во пиштолот-реквизит што ја уби Хачинс,“ изјави Џејсон Боулс, адвокат на оружарката Хана Гутиерез.

Боулс тврди дека неговата клиентка, Хана Гутиерез, извадила муниција од кутија за која верувала дека има само лажни куршуми кои не можат да испукаат.

Тој сугерира дека некој намерно ставил вистински куршуми, кои личат на лажни.

„Сметаме дека некој намерно го саботирал сетот со тоа што подметнал жив куршум во кутија со лажни“, рече Боулс за „Добро утро, Америка“ на телевизијата „Еј-би-си“.

„Не велиме дека некој имал намера да предизвика трагедија со убиство“, додаде тој. „Но, тие сакале да направат нешто за да предизвикаат безбедносен инцидент на снимањето. Тоа е она што веруваме дека се случило“.

Текстот Саботажа стои зад трагедијата на филмот на Болдвин, вели адвокат е превземен од МАКФАКС.