САД бараат побрза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Американците бараат побрзо членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, на неодамнешна дигитална тркалезна маса за евроатлантската интеграција на Балканот, изјавил дека САД целат кон мирен, стабилен и просперитен Западен Балкан во ЕУ.

„САД и ЕУ се партнери во промоција на стабилност и борба против корупцијата во регионот. Метју Палмер го истакна значењето од подобрување на односите меѓу Србија и Косово, и забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ“, пренесува Гласот на Америка.

Извор: Zoom. mk