САД ја одобрија вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години

Соединетите Американски Држави ја одобрија вакцината Pfizer / BioNTech за деца на возраст од пет до 11 години, отворајќи го патот за вакцинирање на милиони млади Американци.

Експертите тврдат дека вакцинацијата на младите е неопходна за враќање во нормален живот.

Оваа одлука доаѓа откако експертите на Центарот за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) и Управата за храна и лекови (ФДА) ги процениле ризиците и придобивките од вакцинирањето на децата против Ковид-19.

Претставниците на ФДА открија дека вакцината е околу 91 процент ефикасна во спречувањето на Ковид кај малите деца и дека нивниот имунолошки одговор е споредлив со оној забележан кај младите на возраст од 16 до 25 години.

Студиите не покажаа сериозни несакани ефекти.

На децата на возраст од пет до 11 години им се дава вакцина со една третина од дозата дадена на возрасни, што создава нов логистички предизвик за добавувачите на лекови и лекарите.

Се користат и помали игли, а втората доза се дава три недели по првата.

Текстот САД ја одобрија вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години е превземен од МАКФАКС.