Само условна казна за Рома поради дискриминацијата и расизмот на мечот со Милан

Италијанската Серија А условно го казни клубот Рома со затворање дел од трибините на стадионот „Олимпико“ на еден меч поради дискриминаторските и расистичките повици упатени кон играчите на Милан – Златан Ибрахимовиќ и Френк Кеси – на неделното дерби, што заврши во корист на „росонерите“ со 2-1.

Се работи за дел од култниот стадион на кој традиционално се собираат најжестоките фанови на „волчицата“.
Од клубот тврдат дека со години се борат против расизмот и дискриминацијата.

„Во Рома владее нулта толеранција за расизмот и тоа во кој било облик. Правиме сѐ што е во наша моќ да дојдеме до позитивни промени“, соопштија од римскиот клуб.

Тифозите на Рома при погодениот пенал кон Кеси упатија мајмунски извици, а Ибра го навредуваа поради неговото ромско потекло.

Текстот Само условна казна за Рома поради дискриминацијата и расизмот на мечот со Милан е превземен од МАКФАКС.