Саутгејт не открива дали ќе остане на кормилото на „Гордиот Албион“

Кормиларот на фудбалската селекција на Англија, Герет Саутгејт во тајност ги држи деталите по состанокот со Федерацијата во врска со евентуалното продолжување на неговиот договор.

„Со сета почит, она што го зборувам со Фудбалската асоцијација на Англија за мојот договор не засега никого, освен нас. Единственото нешто што ќе го споделам е дека треба да ги подобриме нашите квалификациски позиции пред да седнеме и да ги водиме овие разговори. Мораме да се фокусираме на освојување бодови, потребни за да се квалификуваме и да ја однесеме репрезентацијата на Светското првенство. Тогаш ќе има доволно време да се зборува за тоа“ изјави Саутгејт за „ББС Спорт“.

Селекцијата на Англија овој месец ќе ги одигра последните два меча од групната фаза за пласман на Мундијалот во Катар идната година.

На 12. ноември на „Вембли“ Англичаните ќе играат против против Албанија, а на 15. ноември одат нагости кај Сан Марино.

„Гордиот Албион“ со 20 бодови е на првото место во Групата И, пред второпласираната селекција на Полска која собра 17 поени.

Текстот Саутгејт не открива дали ќе остане на кормилото на „Гордиот Албион“ е превземен од МАКФАКС.