СДСМ: Додека ние го слушаме гласот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана во темните подруми на лажни вести

Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалки и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите, стои во денешното соопштение на владеачката партија.

Од таму велат дека го слушаат гласот на граѓаните, ги следат нивните потреби и барања и истите ги претвораат во конкретни решенија од програмата за следните избори.

„Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ е осамена во режимската матрица и се што прави е обиди за блокади, пласирање лажни вести и деструкција на секое можно поле. СДСМ во континуитет покажува дека за нас зборот е збор, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува дека се единствени на браникот на криминалот. Затоа сите релеватни анкети покажуваат дека СДСМ е фаворит на следните избори, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за нивната општина, најдоброто за државата“, стои во партиското соопштение.