СДСМ: Истрагата ќе даде одговори на сите прашања за пожарот во Тетово

СДСМ изрази сочувство до семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на починатите во синоќешниот трагичен пожар во модуларната болница во Тетово. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, велат од СДСМ.

Од таму оценуваат дека истрагата која тече од синоќа ќе ги даде одговорите на сите прашања.

„Нашите мисли се со тетовци, заедно сме во оваа колективна тага и жал“, пишува во соопштението.

Текстот СДСМ: Истрагата ќе даде одговори на сите прашања за пожарот во Тетово е превземен од МАКФАКС.