СДСМ: Избравме претседател на директни внатрепартиски избори, ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија

Над 44.000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори со тајно гласање го избраа новиот претседател на партијата,соопштија од владејачката партија.

„Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена.

Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес каде што се однапред се знаеше, со само еден кандидат одлучи да остане истата нереформирана партија.

Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана“, додаваат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Избравме претседател на директни внатрепартиски избори, ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија е превземен од МАКФАКС.