СДСМ: Со СДСМ платите растат, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на зголемување на минималната плата

Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците, велат од владејачкиот СДСМ.

За неполни пет години, појаснуваат од таму минималната плата е зголемена од 9.000 на 15.200 денари, односно за над 6.000 денари.

„И не застануваме тука, во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми. И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата. Трајко Славески висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата. Ништо ново од Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните“, е истакнато во писмената реакција од СДСМ.

Јасна е разликата, велат од таму, дека ВМРО-ДПМНЕ е против повисока минимална плата, против работниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети.

Текстот СДСМ: Со СДСМ платите растат, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на зголемување на минималната плата е превземен од МАКФАКС.