СДСМ: Стоилковски лаже – суши, за работата на ЈП „Водовод и канализација“ постои ревизија

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да шири лажни вести и невистини во обид да спечали некој политички поен. Денеска, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изнесе низа лаги и невистини за работата на Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, реагираат од владејачката СДСМ на прес- конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Вистината е дека ниту еднаш за изминатите четири години директорот не користел средства за ресторантски услуги и кафе, за службен телефон и набавка на скапи мобилни телефони. За работата на ЈП „Водовод и канализација“ постоја и ревизорски извештаи од страна на надворешни независни ревизорски куќи каде не се констатирани никакви неправилности во финансиското работење“, се нагласува во писмената реакција.

Очигледно e велат од СДСМ, дека денешните изнесени лаги на Стоилковски се дел на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие.

Текстот СДСМ: Стоилковски лаже – суши, за работата на ЈП „Водовод и канализација“ постои ревизија е превземен од МАКФАКС.