СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против работниците и зголемувањето на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата. Трајко Славески член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против растот на минималната плата, oбвинуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека нивната заложба е минималната плата да продолжи да расте, а подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е, како што велат, приоритет за партијата.

„Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо стопанство. Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците, но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати“, порачуваат од СДСМ.

Текстот СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против работниците и зголемувањето на минималната плата е превземен од МАКФАКС.