СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го крши Уставот во општина Кисела Вода

Наместо фокус на теми што се во интерес на граѓаните на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, реагираат од страна на СДСМ.

Додаваат дека, по Штип и Аеродром, денеска истото тоа се случило и во Кисела Вода.

„Со непочитување на уставното име на државата во општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.
Свечените изјави, каде што намерно не е наведено уставното име, се нелегитимни и тие не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата, кои ја напуштија седницата на Советот“, се додава во писменото соопштение од СДСМ.

СДСМ и коалицијата, велат од таму, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат договорот од Преспа, да нѐ втурнат, како што напоменуваат, во нови кавги со Грција и другите соседи, да нѐ внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години, стои во писмениот допис од партијата.

Текстот СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го крши Уставот во општина Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.