Се тресе во Торино! Алегри: И тие сакаат да играат за Јувентус!

По 1:1 ремито со дербито во Милан, Јувентус се наоѓа на 18. место во Серија А, нешто што одамна не се случило, така што моралот во тимот не е највисоко ниво, што можеби најдобро го отсликува видеото од реакцијата на Масимилијано Алегри по крајот на мечот.

Алегри беше незадоволен што Јувентус првпат по 60 години, нема победа во првите четири меча во Серија А, а уште полут на однесувањето на своите играчи и не ја криеше фрустрацијата заминувајќи од теренот.

Видеото што стана вирално во Италија го покажува Алегри како пцуе на италијански и си зборува самиот на себе: „Тие дури сакаат да играат за Јувентус“.

На прес-конференцијата по мечот, Алегри им порача на играчите да сфатат дека дресот на Јувентус е потежок од тој на другите клубови во Италија и додаде дека младите фудбалери, како Федерико Киеза, мора да сфатат што значи да се игра за „бјанконерите“.

Текстот Се тресе во Торино! Алегри: И тие сакаат да играат за Јувентус! е превземен од МАКФАКС.