Се укинуваат ковид-протоколите во предучулишните установи

Владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Во согласност со овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

Текстот Се укинуваат ковид-протоколите во предучулишните установи е превземен од МАКФАКС.