Се зголемува цената на бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15% во однос на Одлуката од 25.10.2021 година.

Малопродажните цени на бензините еуросупер Р БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.

Од 2.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 77,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 79,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел  БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,135 (денари/килограм)

Текстот Се зголемува цената на бензините е превземен од МАКФАКС.