Седум плус во Барселона – Пораз на Леванте од Еспањол

Фудбалерите на Леванте и по 17 коло ќе останат единствениот тим без победа во Примера. Попладнево, во неверојатен меч, Еспањол го победи Леванте со 4:3. Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, за поразениот тим одигра 84.минути.

Леванте, на теренот на Еспањол, два пати водеше, на крајот остана без бод.

Голот на Дардер во шестата минута, го поништи Де Фрутос пет минути подоцна, а потоа Леванте преку Сон во 26.минита направија пресврт.

Израмни Де Томас во 49.минута, а капитенот Моралес во 57.минута ја врати предноста за Леванте.

Само три минути подоцна на 3:3 израмни Хуадо, а истиот играч во 76.минута го режираше пресвртот на Еспањол.

Сон во 78.минута доби директен црвен каротон.

Со играч помалку, ветеранот Солдадо, во 98.минута имаше можност да му донесе бод на Леванте, но не успа да го совлада Диего Лопез.

Леванте се последни во лигата со само осум бода, Еспањол со оваа победа скокна на осмото место.



Текстот Седум плус во Барселона – Пораз на Леванте од Еспањол е превземен од МАКФАКС.