Сега е официјално: Конте е новиот менаџер на Тотенхем

Антонио Конте, официјално е новиот тренер на Тотенхем. Италијанскиот тренер на клупата го наследи Нуно Еспирито Санто, кој ги предводеше Спарси на само 17 натпревари.

„Пресреќен сум што се вратив во Премиер лигата. Имам големи мабиции со овој клуб. Со нетрпение чекам да започнам со работ. Минатото лето не бев среќен кога се разделив со Интер. Го искористив овој период за да се одморам. Со Тотенхем лесно се договоривме“, изјави Конте по потпишувањето на договорот.

Конте со Тотенхем потпиша договор до јуни 2023. Италијанецот има искуство во Премиер лигата, со Челси во 2017 година ја освои шампионската титула.

✍️ We are delighted to announce the appointment of Antonio Conte as our Head Coach on a contract until the summer of 2023, with an option to extend.

— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) November 2, 2021

Текстот Сега е официјално: Конте е новиот менаџер на Тотенхем е превземен од МАКФАКС.