Секое лице може да ги провери податоците кои попишувачот ги внесува за него

/

Државниот завод за статистика уште пред две недели соопшти дека секое лице кое што се попишало има право да ги провери податоците кои попишувачот ги внесува за него.

„Да. Имате право на комплетен увид во тоа што го внесува попишувачот. Доколку имате какви било забелешки, а попишувачот одбие да одговори на нив, имате право да го пријавите случајот во Комисијата на вашиот пописен реон“, се вели во соопштението на ДЗС.