Секој трет Германец престанува да вози автомобил, некои дури и крадат гориво

Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цените на горивото на бензинските пумпи, пренесува агенцијата ДПА.

Анализата на YouG откри дека 22,9 отсто од возачите веќе го направиле тоа, а други 12 отсто имаат намера да возат помалку во иднина.

Според агенцијата, тука главен фактор се парите: 49 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да ги тргнат нозете од гас за да заштедат пари. За 16 отсто од нив, заштитата на животната средина е причина за ваквата одлука, а 14,9 отсто од Германците сакаат повеќе да се посветат на вежбањето.

Според резултатите од истражувањето, три четвртини од испитаниците рекле дека донекаде зависат од својот автомобил, делумно поради немањето опции во јавниот превоз. Околу половина од возачите користат автомобил најмалку петпати неделно.

Војната во Украина донесе скок на цените на горивата на невидени нивоа во Германија бидејќи бензинот во моментот чини во просек 2,09 евра за литар, а дизел-горивото е 2,16 евра, покажуваат податоците на автомобилската асоцијација ADAC.

Некои возачи би можеле да се свртат кон друга тактика за да ги намалат трошоците за гориво – кражба.

„Може да се претпостави дека кражбите ќе се зголемат“, изјави портпаролот на федералната асоцијација BGL. Но, не информираат за секој случај бидејќи ретко се пријавуваат вакви кражби“, рече тој.

Текстот Секој трет Германец престанува да вози автомобил, некои дури и крадат гориво е превземен од МАКФАКС.