Селмани: Заев не ги спроведе потребните реформи, не ги казни виновниците и избра погрешна стратегија со Бугарија

СДСМ премногу вети, а малку оствари. Власта не го реформираше судството, кое не испорачува правда поради директно политичко влијание врз судиите. Заев избра погрешна стратегија во решавањето на спорот со Бугарија. Ова го изјави за бугарската информативна агенција БГНЕС, новинарот и публицист Насер Селмани.

„Основна причина за изборниот дебакл на владината СДСМ се преголемите очекувања што таа ги крена кај граѓаните кога беше опозиција. Вети дека ќе ја врати слободата и демократијата и дека ќе ги казни експонентите на претходната власт одговорни за заробување на државата.

СДСМ премногу вети, а малку оствари. Освен што го реши спорот со Грција, со што се отвори патот за членство во НАТО, за останатите ветувања или имаше козметички промени во системот или продолжи стариот начин на работа.

Власта не го реформираше судството, кое не испорачува правда поради директно политичко влијание врз судиите. Продолжи политиката на неказнивост на злоупотребите на претходната власт на Груевски, кои место да завршат во затвор, беа амнестирани.

Полицијата и обвинителството не покажаа реална волја за вистинска борба против организираниот криминал и корупцијата. Со помош на СДСМ, се рециклираше на политичката сцена, албанската партија ДУИ, за која има многу наводи дека нивните експоненти во власта се вмешани во корупциски афери. Освен тоа, ДУИ поради криминални побуди 11 годиние беше лојален поддржувач на режимот на Груевски од 2008 до 2017 година, кога под притисок на западните сили беа принудени да коалицираат со СДСМ.

Од друга страна, продолжи партизацијата на јавната администрација. место кратење на гломазната администрациија, имаше нови вработувања на партиски членови и активисти на СДСМ, од кои најголем број не можат да се пофалат со нивната експертиза и искуство.

Беше создадена перцепција во јавноста дека системот на јавни тендери не се реформира и дека во тој сектор продолжи старата практика компаниите да ги добијат тендерите со давање мито на јавните функционери. Самиот факт дека генералниот секретар на владата, Рашковски, беше обвинет за фиктивни тендери и договори, е доволен аргумент што ги потврдуваат ваквите сомневања.

Практично, власта покажа дека е неспособна одговорно и ефикасно да владее со земјата. Имаше исклучителни лоши перформанси во справување со кризата на пандемијата на Ковид-19. Земјата се рангираше на врвот на земјите во светот и Европа по смртност на заболени од коронавирусот, а не успеа ни на време да обезбеди вакцини за имунизацијата на населението.

За да биде уште полошо, имаше гласни обвинувања од опозицијата за злоупотреба на пандемијата за лично богатење на владините функционери, кои власта неубедливо ги негираше.

Конечно, власта на СДСМ не покажа ниту видливи економски резултати. Пад на странските инвестиции и зголемен бран на иселување на младите, кои не гледат повеќе перспектива во земјата.

Една од главните причини што СДСМ ја изгуби поддршката кај гласачите беше и неможноста да отвориме преговори за членство со Европската унија. Граѓаните избраа влада, која покажува дека може да решава проблеми, а не да се правда зошто не може да рашеава проблеми.

Заев избра погрешна стратегија во решавањето на спорот со Бугарија, без кое не можеме да почнеме преговори. Наместо сериозно да се инволвираат во преговорите со Софија за да најдат компромисно решение за спорот, очекуваа дека ЕУ или САД да вршат притисок врз Бугарија да го деблокира процесот. И кога тоа не се оствари, дополнително ги заострија односите со Бугарија, а преку медиумите контролирани од владата ширеа антибугарски чусвства и евроскептицизам обвинувајќи ја ЕУ за неспособност да ги решава проблемите во Западен Балкан или дека искрено не посакува ново проширување.

Не верувам дека ние како земја имаме политички капацитет во новонастаната ситуација да понудиме најдобро решение затоа што имаме политичка елита која пред се води сметка за личните и партиските интереси, а не за интересите на земјата.

Најдобро би боло да се формира техничка влада поддржана од сите парламентарни партии, која ќе има три основни задачи; да подготви брза стратегија за соочување со енергетската криза, да го реши спорот со Бугарија и да почнеме преговори за членство со Европската унија и на крај да подготви најбрзо што е можно предвремени општи избори.

Она што реално треба ќе се случи е дека СДСМ заедно со ДУИ во парламент ќе се обидат да не ја прифати оставката на Заев, со тоа уште повеќе ќе ја продлабочи политичката криза. Тешко ќе биде да се оддржи на власт делегитимирана партија на избори.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ со опозициските албански партии ќе го зголеми притисокот врз владата да понедесе оставка и ќе се обиде да создаде ново парламентарно мнозиство, кое ќе ја подготви земјата за нови парламентарни избори.

Крајното решение, по се изгледа, ќе биде наметнато од меѓународниот фактор, кој ќе се обиде да изнајде компромисно решение меѓу двете страни и ќе притисне да се затвори спорот со Бугарија и земјата да почне преговори со Европската унија, а изборите најверојатно да се одложат за напролет“, вели Насер Селмани за БГНЕС..

Извор: Трибуна