Селски потег на црногорскиот ракометар Ласица кон македонските навивачи

Македонија вчера доживеа болен пораз од Црна Гора, со што нашите противници останаа со најголеми шанси за втората рунда на Европското првенство, но крајот на мечот донесе непријатен момент во кој црногорскиот ракометар Марко Ласица се покажа како вистински „сељак“.

30-годишниот Ласица реши да влезе во конфликт со повеќебројните македонски навивачи, и дури плукна кон нив.

Црногорскиот капитен Васко Шеваљевиќ потоа се извинуваше за однесувањето на својот соиграч, а поголем инцидент спречи обезбедувањето и другите репрезентативци на Црна Гора.

Текстот Селски потег на црногорскиот ракометар Ласица кон македонските навивачи е превземен од МАКФАКС.