Семејна тепачка во Виена – таткото му ги исекол прстите на синот, а тој му го одгризал увото

Семејна расправија во Виена заврши со тешки повреди на сите учесници. Се работи за Австријци со српско потекло.

Портпаролот на виенската полиција Кристофер Верхњак изјави дека 56-годишен маж со нож ја нападнал својата 53-годишна сопруга во заеднички стан во Виена. Во таа прилика ѝ нанел тешки расекотини на вратот. Со тешки повреди се здобил и заедничкиот 24-годишен син, кој се обидел да ѝ помогне на својата мајка.

Како што се наведува, таткото му исекол неколку прсти на синот, кои подоцна му биле сошиени на момчето. Во тепачката младиот човек му го одгризал увото на својот татко, а потоа го испрскал со бибер спреј. Мајката при тепачката меѓу таткото и синот успеала да побегне и да повика полиција. Сите тројца по потекло од Србија се префрлени во болница.

Увото на таткото повторно било сошиено, по што бил пуштен од болница, но тој е во полиција.

Полицијата има потешкотии да ја утврди причината за семејната расправија, бидејќи учесниците не сакаат да зборуваат, или не можат. Таткото го негирал нападот врз жената, а неговата сопруга и син се уште не можеле да бидат сослушани.

Против 56-годишникот полицијата изрече забрана за приближување до заедничкиот стан, како и привремена забрана за поседување оружје.

Пријава за нанесување тешки телесни повреди ќе треба да се соочи и неговиот син, но од полицијата посочуваат дека не е невозможно тој да дејствувал во самоодбрана.

Текстот Семејна тепачка во Виена – таткото му ги исекол прстите на синот, а тој му го одгризал увото е превземен од МАКФАКС.