Сер Маркус Рашфорд го доби МБЕ признанието од принцот Вилијам

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд стана МБЕ (Member of the Most Excellent Order of the British Empire), посебно признание од страна на британското кралско семејство, по неговата кампања за поддршка на сиромашните деца за време на пандемијата на корона вирусот.

Англичанецот ја доби наградата на посебна церемонија во замокот Виндзор, каде што беше со својата мајка Мелани, а наградата му ја врачи принцот Вилијам.

24-годишниот Рашфорд успешно лобираше британската влада да обезбеди бесплатни оброци за сиромашните деца за време на пандемијата, приморувајќи го Борис Џонсон да ја продолжи програмата за време на летниот и зимски распуст.

Congratulations @MarcusRashford 🎖

Keep continuing the vital work you are doing for vulnerable children across the UK pic.twitter.com/VO0J13LqQM

— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) November 9, 2021

Текстот Сер Маркус Рашфорд го доби МБЕ признанието од принцот Вилијам е превземен од МАКФАКС.