Серија земјотреси утрово во Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.

Епицентрите се наоѓаат 120 километри јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.

Текстот Серија земјотреси утрово во Битола е превземен од МАКФАКС.