Шампионот Холифилд се враќа во рингот

Легендарниот боксерски шампион Ивандер Холифилд се враќа во рингот и тоа по пауза од 10 години. Ќе ги одмери силите со Бразилецот, Витор Белфорт во егзибициски меч во Флорида.

Холифилд, кој има 59 години, ќе ги вкрсти ракавиците со бразилскиот борец како замена на Оскар Де Ла Хоја (48) кој е поранешен светски боксерски шампион и тоа во 6 категории. Тој мораше да се откаже од борбата затоа што е позитивен на Ковид 19.

Од друга страна 44-годишниот Белфорт се уште е активен ММА борец.

Борбата ќе се одржи во 8 рунди од по 2 минути.

Шпекулациите одат дотаму што по овој егзибициски спектакл, Холифилд би можело во рингот да му се спротивстави и на 55-годишниот Мајк Тајсон кој во ноември минатата година се бореше против Рој Џонс Јуниор.

Текстот Шампионот Холифилд се враќа во рингот е превземен од МАКФАКС.