Шест тепачки меѓу млади во текот на викендот

Шест тепачки регистрирала полицирата за време на викендот. Физички пресметки имало во Радовиш, Гостивар, Струга, Прилеп и скопските населби Ѓорче Петров и Карпош.

Само во два инициденти биле употребени тврди предмети и нож, но за среќа без поголеми последици по учесниците во тепачките.

Според податоците на полицијата, во физичките пресметки најчесто учествуваат млади лица, кои престојувале во угостителски објекти.

Тепачката во Карпош избила поради кошкање во сообраќајот, а другите инциденти се случиле поради претходно нерасчистени односи.

Извор: Зоом. мк