Шева пристигна во Џенова, Грифоне го сакаат и Кампос

Новиот тренер на Горан Пандев и на Џенова, Андриј Шевченко, пристигна во спортскиот центар на клубот „Сињорини“ во Пељи за да почне со својата работа, откако го замени Давиде Балардии во клубот кој грчевито ќе се бори за одбрана.

Во својот прв ден како официјален тренер на „Рособлу“, Украинецот пристигна со својот помпшник Мауро Тасоти и го посети тренинг-центарот, каде што утре ќе почне да работи со тимот без фудбалерите кои се на репрезентативи обврски. Џенова се на 17. место во Серија А со само 9 поени по 12 меча.

Според италијанските медиуми, новите газди на клубот „777 партнерс“ не се задоволуваат со Шевченко и го убедуваат Луис Кампос да ја преземе улогата на спортски директор на клубот. Според „Ил кориере дело спорт“, новите сопственици имаат големи амбиции и сметаат дека Кампос, кој работеше со Реал Мадрид, Монако и Лил и „откри“ таленти како Килијан Мбапе, Бернардо Силва и Антони Марсијал, би бил соврешен за градење на нов состав.

🔴🔵🇺🇦 Il primo giorno di mister #Shevchenko al Signorini. pic.twitter.com/qvvbpp5PtY

— Genoa CFC (@GenoaCFC) November 8, 2021

Genoa grandi nomi, dopo Sheva in panchina si lavora a Campos come direttore sportivo https://t.co/iICk7Om2V9

— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) November 8, 2021

Текстот Шева пристигна во Џенова, Грифоне го сакаат и Кампос е превземен од МАКФАКС.