Шкендија, Академија Пандев и Ренова го губат здивот – само поен во 12. коло

Шкупи останува со седум поени предност по 12. коло во македонската Прва лига, откако главните ривали Ренова и Академија Пандев успеаја да освојат само поен, со кој се задоволи и шампионот Шкендија по ремито со Тиквеш.

Ренова на „Автокоманда“ одигра само 0:0 со Скопје, а и Академија Пандев на гостувањето кај Струга не успеа да освои поени со идентични 0:0.

Шкендија имаше водство од 1:0 преку Рамадани во првото полувреме против Тиквеш, пред Мирковиќ да израмни во 83. минута од мечот.

ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО

Борец – Работнички 0:1

Скопје – Ренова 0:0

Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 0:2

Шкендија – Тиквеш 1:1

Струга – Академија Пандев 0:0

Фото: ФК Шкендија

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1950-37708”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Шкендија, Академија Пандев и Ренова го губат здивот – само поен во 12. коло е превземен од МАКФАКС.