Шојгу до вооружените сили: Однесувајте се кон украинската армија со почит

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, им нареди на сите команданти на руските сили да се однесуваат со почит кон украинските војници, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

„Војниците на вооружените сили на Украина, за разлика од националистите, положија заклетва пред украинскиот народ и извршуваат наредби“, објави РИА Новости, пренесувајќи ја изјавата.

Како што е наведено, за сите борци на вооружените сили на Украина, кои ќе го положат оружјето, неопходно е да се обезбедат безбедни коридори за напуштање на зоната на операција за да можат да се обединат со своите семејства.

Русија онеспособила 74 копнени воени инфраструктурни објекти во Украина, изјави денеска Конашенков.

„Овој број вклучува 11 аеродроми, три командни пунктови, украинската поморска база, како и 18 радарски станици за противвоздушни ракетни системи С-300 и БУК М-1“, рече генерал-мајор Конашенков.

Текстот Шојгу до вооружените сили: Однесувајте се кон украинската армија со почит е превземен од МАКФАКС.