Шпанците со супериорно второ полувреме ја средија Данска за финале

Шпанија ќе се обиде да стигне до своја трета европска титула во низа откако се пласира во финалето на ЕП во Унгарија и Словачка, со тешка, но и заслужена 29:25 победа над Данска, во фантастична партија за двете репрезентации.

Данците имаа подобар почеток на мечот и предност од четири гола (4:8 и 8:12), но Шпанците успеаја да се вратат на само еден гол на полувремето (13:14) пред во второто полувреме да имаат далеку подобра игра, предводени од фантастичниот Гонзало Перез де Варгас на голот. Тие го презедоа водството во 40. минута од мечот по што направија три предност (23:20) на 11 минути пред крајот по што немаше камбек за Данците.

Перез де Варгас имаше 13 одбрани на голот, Алеш Гомез Абелјо имаше 11 гола, а џокер беше ветеранот Жоан Кањелјас со 7 постигнати гола. Кај Данска, Микел Хансен имаше 8 гола, а Магнус Ландин додаде 4.

Шпанците за титулата в недела ќе се борат со подобриот од мечот помеѓу Франција и Шведска, кој се игра од 20.30 часот.

Текстот Шпанците со супериорно второ полувреме ја средија Данска за финале е превземен од МАКФАКС.