Шпанец загина во трка со бикови

Шпанец им подлегнал на повредите откако бик го прободел со роговите на фестивал на трчање пред бикови во источна Шпанија.

Ова е прв смртен случај во земјата откако ваквите настани продолжија да се одржуваат по ублажувањето на корона-мерките во текот на летово.

Мажот (55), чиј идентитет не е познат, бил нападнат во неколку наврати од бик на фестивал во Онда, објави градскиот совет.

Другите учесници на фестивалот се обиделе да го одвлечат бикот, но не успеале. Мажот починал од обилно крварење. Бикот со роговите ја пробил артеријата на левата надколеница, а човекот се здобил и со рана на главата, соопшти брзата помош.

Градот ги откажал сите планирани трки со бикови на фестивалот, кој ќе заврши во недела. Останатите активности не се одложени.

Јавната дебата за тоа дали да се укинат фестивалите за трчање со бикови е честа во Шпанија во последниве години. Само мал број фестивали се одржани откако се укинаа мерките против коронавирусот во земјата.

Биковите кои трчаат обично на крајот од истиот ден се пуштаат во борби со други бикови. Анкетата спроведена од истражувачката куќа Electromania од 2020 година покажа дека 46,7 отсто од Шпанците сакаат да прекинат борбите со бикови, 34,7 отсто биле против, но ја поддржале законската забрана, а 18,6 отсто веруваат дека ваквите настани треба да продолжат да се одржуват.

Текстот Шпанец загина во трка со бикови е превземен од МАКФАКС.