Штета! Еурофарм Пелистер пропушти победа во последните секунди во Лисабон

Еурофарм Пелистер беше на чекор до својата трета победа едноподруго во Европската лига на ЕХФ откако на две минути до крајот имаше водство од два гола пред да одигра 27:27 (14:16) кај Спортинг Лисабон.

Момците на Жељко Бабиќ одиграа одличен натпревар, и по првото водство на Спортинг, беа постојано во предност, која изнесуваше два гола на полувреме (14:16) и дури четири (19:23) во 40. минута. Домаќините успеаја да израмнат на 25:25 во 57. минута, но Стипе Мандалиниќ со два гола во низа ја врати предноста од два гола, пред гостите да го направат конечниот камбек.

Табоада заврши со 7 гола за Пелистер, Мандалиниќ имаше шест, додека за Спортинг, Јенс Шенгарт и Карлос Руесга Пасарин дадоа по 6 гола.

Текстот Штета! Еурофарм Пелистер пропушти победа во последните секунди во Лисабон е превземен од МАКФАКС.