Шведска ги засилува воените активности на островот Готланд

Шведската армија денеска соопшти дека ги интензивира своите видливи активности на островот Готланд во Балтичкото Море.

Готланд, најголемиот остров во Шведска, е стратешки важен и се наоѓа на речиси 330 километри од Калининград, седиштето на Балтичката флота на Русија, објави „Ројтерс“.

Шведска не е членка на НАТО, но има блиски врски со атлантската алијанса и ги зајакнува своите вооружени сили по децении запоставување во услови на зголемена загриженост поради руското „штракање со оружје“ во регионот на Балтичкото Море, објави „Ројтерс“.

Текстот Шведска ги засилува воените активности на островот Готланд е превземен од МАКФАКС.