Силен земјотрес во Токио, засега нема предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Токио.

Засега не е издадено предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Ибараки, на длабочина од 60 километри.

Нема податоци за евентуална материјална штета, јавуваат светските агенции.

Текстот Силен земјотрес во Токио, засега нема предупредување за цунами е превземен од МАКФАКС.