Симеоне останува на своето – нема да се ракува со Клоп

Тренерот на Атлетико мадрид, Диего Симеоне потврди дека нема да се ракува со ривалот од Ливерпул, Јирген Клоп по утрешната пресметка на „Енфилд“ во Лигата на шампионите, посочувајќи дека би било „дволично“ да се прави тоа.

Двата клуба се сретнаа пред две недели на „Ванда Метрополитано“, кога Ливерпул стигаа до 3:2 победа, но мечот донесе контроверзи откако Антоан Гризман доби црвен картон откако постигна два гола, а Мохамед Салах стрелаше од пеналот. Симеоне не се ракуваше со Клоп по мечот и вели дека ќе ја повтори ситуацијата бидејќи не се согласува со британската традиција.

„Не сакам ракување по меч, бидејќи емоциите на двете екипи се различни во тој момент. Знам дека во Велика Британија тоа е правило, но не го споделувам бидејќи не ми се допаѓа дволичноста која ја вклучува“, вели Симеоне.

Текстот Симеоне останува на своето – нема да се ракува со Клоп е превземен од МАКФАКС.