Синди Крафорд заштитно лице на новата марка очила Yaleа

Италијанскиот моден гигант De Rigo Vision, светски лидер во дизајн, производство и дистрибуција на врвни очила за сонце и диоптерски очила, неодамна го претстави својот четврти, но прв женски бренд, Yaleа.

Од компанијата наведуваат дека овој исклучително важен проект бил создаден за време на пандемијата на Ковид -19, со цел проширување на портфолиото на групацијата „Де Риго“ со стопостотен бренд, осмислен и дизајниран исклучиво за жени.

„Yaleа има за цел да ги промовира жените преку поддршка на нивната слобода на избор, нивните таленти и да ја награди нивната лична убавина.“

Синди Крафорд и Бјанка Балти, заштитните лица на кампањата, одлучија да ја прифатат поканата дополнително нагласувајќи го етосот на самиот бренд. Тие не се само ликови, туку вистински жени и светски познати модели, различни по возраст и стил, и хармонично ја изразуваат блискоста на нивната надворешна и внатрешна убавина, велат од компанијата.

„Тие се посветени на промовирање свесна, независна и внимателна женственост во согласност со вредностите за кои се залага Yaleа“.

Текстот Синди Крафорд заштитно лице на новата марка очила Yaleа е превземен од МАКФАКС.