Синдикатите на протест побараа минималната плата да изнесува 18.000 денари

Сојузот на синдикатите ја блокира улицата пред седиштето на Организацијата на работодавците во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата, што според пресметките би изнесувала 16.164 денари, а не 18.000, како што бараат синдикатите.

Сојузот очекува позитивен одговор на нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите други плати во согласност со колективен договор и закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор веднаш. Во спротивно најавуваат генерален штрајк.

Претходно, синдикатите порачаа дека се подговени да ги објават и имињата на пратениците што нема да гласаат за измените на Законот за минималната плата.

Текстот Синдикатите на протест побараа минималната плата да изнесува 18.000 денари е превземен од МАКФАКС.